Оставка во ТВ „Словенија“ поради местење за Евровизија

Главниот уредник на забавната програма на јавниот сервис на Словенија, Вања Варѓан, поднесе оставка.

Причина за оставката се наводни неправилности во изборот на словенечка песна за Евровизија, со што се занимава и КПК (Комисијата за спречување на корупцијата).

Директорката на телевизијата на Словенија (ТВ СЛО), Ксенија Хорват, веќе ја прифатила оставката, соопшти Радио-телевизија на Словенија (РТВ СЛО).

Тој ја даде својата оставка со цел да се обезбеди непристрасно испитување на фактите во спроведувањето на проектот за песна на Евровизија и поради грижа за доброто на РТВ СЛО, Изборот за песна на Евровизија и избраниот изведувач, се вели во соопштението.

Претходна вестДел од Скопје без струја и вода
Следна вестЕлена Каваева дојде од странство во Охрид и не се штедеше: „Јас не учев и не дојдов тука да печалам, ами да лекувам болни“