Вкупно осум лице се приведени поради поседување дрога во одделни полициски акции спроведени вчера и ноќеска на скопското и на тетовското подрачје. МВР соопшти дека вчера попладне во Тетово полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Ф.(18) и Б.Х.(23), двајцата од Тетово.
-При преглед кај Б.Х. била пронајдена марихуана, а при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во информацијата
Синоќа во 22.10 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници е лишен од слобода В.П.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материјам а претходно на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На подрачјето на Аеродром од полициски службеници е лишен од слобода О.В.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-На 14.05.2023 во 00.30 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници е лишен од слобода Т.Т.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Ноќеска во угостителски објект на подрачјето на Центар полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Е.(33) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја, како и Б.П.(22) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информира полиција.