Осумнаесетгодишник ранил скопјанец и го претепал неговиот син

На 07.10.2021 во 22.30 часот на ул.„Втора македонска бригада“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.П.(18) од с.Љубин, скопско, затоа што околу 21.45 часот, по претходна расправија, физички го нападнал Е.К.(45) од Скопје и му нанел повреда со остар предмет. Х.П. се сомничи дека на 06.10.2021 со уште неколку лица физички го нападнал и малолетниот син на Е.К., информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против Х.П. ќе биде поднесена пријава по член 131 од Кривичниот законик.

Претходна вестЦУК: Можни се поплави поради неисчистени локални канали
Следна вестУбедлива победа на Македонија