Откако психијатар утврдил здравствени проблеми, одложено судењето на Зеќири

По добиено вештачење за здравствената состојба на Мухамед Зеќири, од страна на психијатар-вештак судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, кое беше закажано за 21 февруари ќе биде одложено, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да е добиено вештачење изработено по наредба на судот од вештак – психијатар, според кое обвинетиот заради здравствени пречки не е во можност да го следи следното судење. Главната расправа ќе продолжи на на 13.03.2023 година 10 часот, а за евентуално ново одлагање на расправата јавноста и странките ќе бидат благовремено известени, стои во соопштението од Кривичен.

Зеќири се товари дека со „злоупотреба на службена положба и овластување“ го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

– Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвинителниот акт.

Претходна вестСудење за пожарот во модуларна болница во Тетово: Продолжениот кабел што се запалил претходно бил оштетен
Следна вестВозачи на „диво“ превезувале ученици