За време на четиричасовна полициска контрола на возила кои вршат јавен превоз на ученици на територијата на Македонија, констатирани се 44 прекршоци. Двајца возачи возеле на „ диво” без соодветна лиценца.
– Вчера во периодот од 06.00 до 10.00 часот при полициска контролата констатирани две кривични дела за возење без соодветна лиценца, 44 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед се упатени 21 возило, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.