Вчера Блинкен разговараше со кинескиот претседател, денес Бајден го нарече диктатор

Откако завчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со кинескиот претседател, разговор за кој рече дека бил искрен и суштински, вчера американскиот претседател Џо Бајден, кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече диктатор. Тој додаде дека Си бил многу засрамен кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД.

Бајден ставот го искажа на настан за собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со Си во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.

-Причината зошто Си Џинпинг толку се вознемири кога го соборив тој балон со „два вагона шпионска опрема“ е затоа што не знаеше дека е таму. Тоа е голем срам за диктаторите. Кога тие не знаеја што се случило. Тој не требаше да оди таму каде што беше. Беше скршнат од курсот, рече Бајден.

Имено, балонот на почетокот на февруари една недела леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантскиот Океан.

Инцидентот, што предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размената на посети меѓу американските и тајванските официјални лица, ги зајакна тензиите меѓу САД и Кина.

Инаку Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред два дена ја заврши дводневната посета на Кина со средби со високи кинески претставници.

Зборувајќи пред новинарите во Пекинг, Блинкен рече дека во понеделникот имал искрени и суштински разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесува „Гласот на Америка“.

За време на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот државен секретар објави дека Вашингтон не ја поддржува независноста на Тајван.

Претходна вестМоже ли на Водно да растат ненасадени дрвја?
Следна вестДемократски сојуз: Бараме темелни реформи на судскиот систем, СДСМ и ДУИ ги кочат истите