Откажан протестот на сопствениците на дискотеки, Спасовски „лично ќе се заложи“ за решавање на проблемот

Ветувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека „лично ќе се заложи“ за решавање на проблемот на сопствениците на дискотеките во Скопје го откажа нивен најавен протест. Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ денеска соопшти дека го откажува протестот пред Владата, кој требаше да се одржи во среда со почеток во 20 часот.

-Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува“ порачаа од иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“.

Инаку, оваа сезона летните дискотеки во Скопје не проработеа бидејќи, како што тврдеа менаџерите на ноќните локали, тие иако ги доставиле сите потребни документи, како што им било побарано во изминатите 30 години. На неодамнешната конференција за печат тие се пожалија дека ниту еден летен клуб во Скопје сè уште нема добиено лиценца за работа. –За таа цел ги повикуваме надлежните да го решат проблемот на метрополата со немањето на понуда за ноќен живот, изјавите тие.

Процесот запнал кај обезбедувањето на имотните листови за деловните простори кои тие ги закупиле, како и за добивање на согласност дека се обезбедени безбедносните услови за одвивање на сообраќајот. На ова од МВР тогаш одговорије дека се работи за неколку угостители со објекти во Градски парк, чии барања се правно неиздржани и не исполнуваат сообраќајни услови.

Претходна вестАрхиепископ Стефан: Немаме ништо против да се нарекуваме Охридска Архиепископија
Следна вестЛекарска комора за случајот „Жан Митрев“: Одземањето на лиценца не може да се прави по лично убедување на поединци