Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за „Кликс“.
За организатор била избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба, тендерот е поништен.
Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на овој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација.
Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.
Целта на самитот требало да биде подобрувањето на политичкиот дијалог и зајакнувањето на политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.