Гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје, што беше закажано за 9 октомври е откажано, соопштија денеска од македонската Филхармонија.
Причината за откажувањето е ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа, во својот дом во Белград.
Од Филхармонија информираат дека на сите кои купија билети за овој настан, ќе им бидат рефундирани средствата.
Гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за датумот јавноста ќе биде дополнително информирана.