Откриен „прстен“ од галаксии кој не се совпаѓа со досегашното разбирање на вселената

„Големиот прстен“ составен од галаксии и јата галаксии претставува огромна структура, што не се соодветствува со т.н. „космолошкиот принцип“, односно дека сета материја во вселената е еднакво распределена. Прстенот е многу далеку од Земјата и не може да се види со голо око. Кога би можел да се види, би изгледал 15 пати поголем од Месечината.

Прстенот беше откриен од тим научници во Универзитетот во Централен Ланкашир, предводен од Алексија Лопез.

Сепак, прстенот не е првата откриена џиновска структура која ја побива идејата дека материјата во вселената и еднакво распределена и дека не постојат структури од толкава големина. Имено, Лопез исто така го откри „Џиновскиот лак“ во 2021 година, која претставува огромна поврзана структура од галаксии и јата галаксии, во форма на лак.

Постоењето на лакот, кој е широк 3,3 милијарди светлосни години, е исто така тешко да се смести во нашето сегашно разбирање на универзумот.

– Постоењето на овие две ултра големи структури не е лесно да се објасни со нашето сегашно разбирање на универзумот. Нивните огромни димензии, карактеристични форми и космолошка близина една до друга сигурно ни кажуваат нешто важно – но што точно?, објаснува Лопез.

– Големиот прстен и џиновскиот лак, анализирани како посебни или како поврзани феномени, претставуваат голема космолошка загатка во нашето разбирање на универзумот и неговиот развој, заклучува Лопез.

Иако прстенот изгледа како совршен круг, Лопез шпекулира дека неговата форма е како намотка или отворач за вино. Тој е свртен кон Земјата, па изгледа како да е круг.

 

Претходна вестМандатите им привршуваат, ама уште тераат со напорни патувања за доброто на Македонија
Следна вестМаж со својот автомобил се забил во ограда, со тешки повреди пренесен во болница