Отровите од „Охис“ конечно на крајната дестинација за уништување

Отпадните хемикалии од „Охис“ кои минатиот петок беа изнесени од кругот на некогашниот гигант, денеска пристигнале во Франција, каде треба да бидат уништени, соопштија од фирмата „Екоцентар 97“ која ја имаше обврската согласно договорот за „Проект за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ Скопје“.

Отпадните хемикалии биле транспортирани со специјално АДР возило и за време на транспортот се вршел континуиран мониторинг на температурата во возилото, велат од компанијата.

Минатиот петок, на 19 февруари, од кругот на „Охис“ во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина безбедно се утоварија 4,2 тони иницијатори и 5,3 тони отпадни хемикалии со поминат рок, односно отпадни киселини, алкохоли и растворувачи.

 

Претходна вестПристигна и втората пратка од „Фајзер“ вакцините од Србија, денеска одлука за руската
Следна вестШилегов е среќен со новите имиња на улиците, а скопјани ќе бидат среќни со нови улици