Отстранета голема дива депонија во непосредна близина на амбасадата на САД

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на минатата ноќ реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД, соопшти денеска ова градско претпријатие.

Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, беше спроведено и рачно миење на микролокацијата. Активностите се реализираа во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“.

-Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе спроведе зачестен патролен надзор на оваа микролокација, се наведува во соопштението.

Претходна вестВладата ќе ја одржи првата седница
Следна вест103 години од убиството на Ѓорче Петров: Со своето дело покажа дека македонскиот народ само преку борба може да се дојде до слобода