Отворен нов Центар за фетална медицина на УК за гинеколгија

Нов Центар за фетална медицина е отворен на Клиниката за гинекологија во Скопје, а кој ќе биде опремен е со современи апарати за навремена детекција на најтешките облици на патологија кај мајките и плодот. Станува збор за донација од Република Грција и од професорот Кипрос Николаидес.

Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека новиот оддел ќе значи редуцирање и намалување на перинаталниот морталитет и морбидитет.

-Како резултат токму на развитокот на феталната медицина на оваа клиника имаме значителен пад на бројот на мртвородени, што во иднина со помошта на овој центар, уверен сум дека уште поубедливо ќе го продолжи овој тренд, нагласи Меџити.

Апаратите овозможуваат следење на плодот во текот на неговиот развој како и детекција на сите можни показатели, кои може да доведат до несакани последици.

Како што информираат од гинекологија веќе се бележи значителен пад на бројот на  мртвородени.

Претходна вестТракторист од Липково удрил во малолетничка и избегал, девојчето со тешки повреди пренесено во Скопје
Следна вестГрчка фирма и ЕСМ за седум години и 1 милијада евра ќе ја градат хидроцентралата Чебрен, ќе има капацитет 333 MW и најголемо вештачко езеро во Македонија