Отворен спортско-рекреативен центар во Теферич во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски синоќа заедно со министерот за спорт Борко Ристовски го отворил спортскиот центар во Теферич, кој го носи името на Александар Ивановски чиј живот прерано згасна.

Од Општина Кисела Вода информираат дека новиот спортско-рекреативен центар се протега на околу 800 квадратни метри. Со градежниот зафат, тој доби ново осветлување, детско катче и урбана опрема, фудбалско игралиште со вештачка трева, а обезбедени се и паркинг места.

-Припор не смее да биде заборавено место како што било во минатото, истакнал градоначалникот Ѓорѓиевски, кој најавил дека наскоро започнува и реконструкцијата на игралиштето во ПОУ “Круме Кепески” и дека во моментот активно се работи на обнова на улиците во ова населено место.

Претходна вестУНИЦЕФ бара образовните установи во Македонија да се подготват за топлотните шокови
Следна вестСе уредува дворот на црквата „Свети Константин и Елена“, ќе се тргнат ли наскоро тарабите од улица „Македонија“