Отворена амбуланта во општина Бутел

Една од старите дрвени амбуланти во општина Бутел е заменета со нова и современа во рамки на проект на Министерството за здравство. Како што информираше денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, амбулантата сега има чисти, хигиенски и пристојни услови за здравствени прегледи и лекување на граѓаните.

– Во тој проект се заменија старите амбуланти и во Ѓорче Петров и во Лисиче. Како Здравствен дом Скопје, кои сме корисници на овие објекти, задоволни сме од тоа каков проблем ни реши нивната обнова. Целта, меѓу другото, ни е да ги повикаме граѓаните од Бутел, Ѓорче, а набрзо и од Лисиче, откако за таму ќе се заврши постапката за концесија, да доаѓаат кај матични и други лекари во овие амбуланти, во близина на нивното место на живеење. Нема потреба повеќе да одат да се лекуваат во други делови на градот и далеку од своите домови, изјави Исјановски.

Претходна вестМалолетник ограбил книжарница во Скопје
Следна вестСослушана дадилката на Коста: Тој беше добро дете