Денеска е свечениот почеток на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Сите оние кои сакаат да ја почувствуваат атмосферата на научната мисла за одржување и чување на македонскиот јазик можат да го посетат институтот се до 22 октомври.
Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот. ПОздравните говори денеска ги држат Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и Никола Стојановски, прв претседавач на Собранието на независна Македонија во 1991 година.