По откажувањето на концерт на Калиопи во МТС арената во Белград, поради смрт на жена во публиката, која дошла со група обожаватели од Македонија, познатата македонска пејачка се огласи на социјалните мрежи:
– Ова е најтажниот ден во мојата кариера. Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт,загубивме еден живот. Во мое име и во име на целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас. Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на концертot. Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, напиша Клаиопи во својата објава.
Според сознанијата, се работи за 70-годишна жена од Македонија која на концертот во Белград била дојдена со ќерката и со пријателки. Веднаш откако паднала во бесознание, медински екипи интервенирале, еден час се обидувале да ја реанимираат и спасат, но починала.
Се огласија и организаторите со соопштение, во кое се вели:
– Почитувани колеги, поради непредвидени околности, закажаниот концерт на Калиопи се одлага, а новиот датум дополнително ќе биде објавен. Сите купени влезници за концерт ќе важат и за новиот датум. За подетални информации наскоро ќе биде издадено официјално соопштение кое ќе биде достапно на сајтот на МТС арената, како и на нашиот профил на социјалните мрежи. Ви благодариме на разбирањето.
Како што објави српски „Блиц“, пред самиот почеток на синоќешниот концерт на Калиопи во српската метропола, на жена во публиката и се слошило, но за жал и покрај брзата интервенција на брзата медицинска помош жената починала. Госпоѓата стигната на концертот со ќерката и со пријателки од Македонија и била на возраст од 70 години. Таа ненадејно колабирала, а лекарите на итната медицинска помош веднаш ја реанимирале на самото место, но безуспешно.
По овој немил настан салата била евакуирана, а Калиопи, организаторите и бендот одлучиле концертот да не се одржи.