Ова е надвозникот Автокоманда, кога ќе се санира, луѓе секој ден се повредуваат??? Ова е прашање и реакција на една граѓанска која во Фејсбук-групата „Ѕид на општина Гази Баба“ објавила фотографии од тоа како сега изгледа дел од ова мошне прометна сообраќајница. Ископан асфалт, голема дупка, железна шина… сето тоа созадава опасност за возачите и за нивните автомобили. Но, и покрај ова, опасната точка се уште стои непоправена иако веќе има повредени граѓани.
-Јас се повредив во петокот проаѓајки со велосипед преку дупкава-шина која одскокнува при секое проаѓање на возило преку неа и удира од другата страна во возила или велосипедисти!!!, напиша еден граѓанин.
Другите побараа итно да се санира проблемот за да нема поголема штета.
Очигледно, на оваа сообраќајница по која секојдневно поминуваат илајдници возила и треба поправка. Само уште да се најде некој надлежен да ја види, а бајаги е видлива.