Оваа или следната недела почнува проверката на учениците – за тестирање ќе се бара согласност од родителите

Оваа недела, најдоцна на почетокот на следната ќе започне тестирањето на учениците познато како скриннг

Прво ќе се бара согласност од родителите.

Скринингот ќе опфати 8.200 ученици од прво до петто, од шесто до деветто одделение, како и од средните училишта, кои ќе се тестираат по случаен избор.

– Важно е со овој пресек да направиме еден репрезентативен примерок кој ќе ни укаже дали евентуално ќе наидеме на некои случаи кои значат асимптоматски носители на вирусот кај децата. Ќе се бираат учениците по случаен избор од регистарот на е-дневник и така ќе се пристапи на барање на согласност од родителите, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој не очекува отпор од родителите.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

Претходна вестСекој може да се вакцинира со трета доза, ќе биде “Фајзер“
Следна вестНе се планираат нови рестрикции-Филипче тврди бројките паѓаат, но дали е така?