Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Овчар загинал од удар на гром. Немилиот настан се случил во селото Дорфулија кај Свети Николе.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 20 часот. Во полиција било пријавено дека на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од село Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Претходна вестНад 7.000 заразени со вирусот во Македонија, министерот Филипче решителен на Фејсбук
Следна вестПроверен е квалитетот на водата на 56 места низ Скопје