Пациенти со цистична фиброза: Пред Влада ќе се збогуваме од Благојче, жртва на интерноста на системот

Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе пациентите со цистична фиброза денеска во 14 часот пред Владата ќе се збогуваат од битолчанецот Благојче Илијевски, кој вчера почина како последица на болеста чекајќи го лекот „Трикафта“.

Од Асоцијацијата за цистична фиброза соопштија дека Илиевски е жртва на системот.

-Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта, соопштија вчера од Асоцијацијата.

Во исто време, во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки.

 

Претходна вестИсчезнуваат надежите за спасување на затрупаните, бројот на жртвите надмина 16.000
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Уште колку време му е потребно на Спасовски да открие кој испраќа лажни дојави?