Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи. Од пациентот се бара прво да се претстави, а потоа почнуваат да го малтретираат.
– Седи тука, воспитни! Така се пречекуваат новите гости, се слуша на видеото.
На видеото се слуша како еден од пациентите бара од човекот да се претстави, а потоа им дава насоки на другите во просторијата да го тепаат.
Од психијатриската болница Бардовци, но и од Министерството за здравство до сега нема никаква реакција за ова нечовечко иживување со пациентите.