Темно Режим Светло Режим

Пад на тенисерите од по четири места, напредок на Ѓорческа и Стоилковска на новите АТП и ВТA ранг листи

Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за три позиции на последната ВТА листа, додека Калин Ивановски има пад од четири места на АТП листата. Ѓорческа која оваа недела настапува на ИТФ фјучрс во Анталија, со 312 поени се најде на 239. место на ВТА листата, што е напредок за три позиции во однос на минатата недела.

Пласманот за пет позиции го подобри Магдалена Стоилковска која сега се наоѓа на 1.211. место.

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има пад од четири места на АТП листата, сега е на 345. позиција.

Пад од четири места има и Горазд Србљак кој сега е 1.096 место и Обрад Марковски кој е 1.609.

Претходниот Пост

Новитет во Франција - педикир за прасиња

Следниот Пост

Се чека еден час за вакцинација против голема кашлица, гужви во поликлиниката „Јане Сандански“