Падна системот на Деве Баир, дел од Бугарите не можат да влезат во земјава

Близу два часа не е функција системот на граничниот премин меѓу Македонија и Бугарија, Деве Баир и има застој за влез во земјава. Дел од бугарските граѓани тргнати да оддадат почит на великанот Гоце Делчев стојат заглавени во колона на граничниот премин, јавува Макфакс.

Бугарските здруженија најавија дека околу 150 граѓани со автомобили ќе дојдат да оддадат почит. Чествувањето по повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев утрово почна без официјаните бугарски делегации. Тие, според најавите, се очеува да пристигнат подоцна во текот на денот. Официјалната делегација ќе ја предводи министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Претходна вестДлабок поклон пред делото на Гоце Делчев и голем срам како денес тоа се одбележува
Следна вестПретрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога