Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Д.Т.(32) од с.Бизбегово, Скопско.

При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги.

Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материјаи повеќе таблети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПадна системот на Деве Баир, дел од Бугарите не можат да влезат во земјава
Следна вестОсуда и од АВМУ за селективниот пристап на Владата кон новинарите