Паѓа бројот на активни лица на Ковид-19 во Скопје, расте само во Кисела Вода и Гази Баба

Скопската општина Чаир деновиве бележи налголемо опаѓање на брокот на активни случаи на корона вирусот, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Во оваа општина денеска има 348 заразени – заболени лица, што е за 25 помалку од вчера кога имаше 373. Чаир беше општина во која имаше најголем раст на новозаразените во изминативе месеци при што во еден период бројката на заболените стаса до 454 лица.

Денешните податоци покажуваат дека само во општините Кисела Вода и Гази Баба имало мало зголемување на заболените во однос на вчерашниот ден. Во Кисела Вода сега има 113 што е за пет повеќе од вечера, а во Гази Баба покачувањето е од 192 на 194 пациенти. Во останати седум скопски општини бројот и натаму опаѓа. Во Бутел сега изнесува 155 а беше 167, во Карпош е 149 по вчерашните 159, а во Аеродром 152 по 154. На подрачјето на Центар сега има 142 заболени, за два помалку од вчера, во Сарај 129 наспроти вчерашните 140, во Ѓорче Петров 108 наспроти 109 од вчера и во Шуто Оризари има за седум помалку – од 91 на 84.

Во други општини состојбата е следна: Студеничани – 10, Арачиново – 45, Илинден – 29, Петровец – 17, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 8, Зелениково-9, Странец – 1 и нераспределен- 89.

Претходна вестПочинаа 8 пациенти од вирусот на возраст од 52, 53, 58, 59, 61, 62, 66 и 79 години
Следна вестНа интернет кружат порнографски видеа со девојки и жени од гевгелиско