На интернет кружат порнографски видеа со девојки и жени од гевгелиско

Скандалозна злоупотреба на порнографски видеа во Македонија. Имено видеа и фотографии со експлицитна содржина со девојки и жени од Гевгелија и околината се споделуваат на пораки преку Вибер и Месинџер.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, од страна на редакцијата на „Слободен печат“ каде пристигнале дел од видео записите.

Скопскиот медиум објави дека до нивната редакција пристигнале десетина порнографски клипови и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Овие видеа масовно се споделувале по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделувале клиповите по пат на системи за пораки, како Вибер и Месенџер, туку и создавале адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како „ГевгелијаХаб“.

Од МВР за државната агенција МИА потврдијле дека случајот е пријавен и дека се постапува по него, но напоменуваат дека според досегашните сознанија не станува збор за случај оној налик на „Јавна соба“, кој одекна во јавноста на почетокот на годината. Во овој случај станува збор пред се за приватно снимени фотографии и видеа, кои биле за лична употреба, а потоа се злоупотребени. Тие, додаваат од полицијата, не се објавуваат во некоја група или на некоја платформа, туку се препраќаат од еден на друг корисник преку пораки на Вибер и Месинџер.

Случајот ќе се испитува и допрва ќе се утврдува за што станува збор.

Претходна вестПаѓа бројот на активни лица на Ковид-19 во Скопје, расте само во Кисела Вода и Гази Баба
Следна вестФилипче: Нема потреба од полициски час и нови рестриктивни мерки