Пајакот во Центар однел 75 возила, 68 ги врзал блокаторот

Пајакот не мирува во Центгар. Имено, на територијата на општина Центар за период од една недела санкционирани се 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), кои ваквата акција ја спроведуваат во соработка со скопската сообраќајна полиција и општина Центар.

Во периодот од 15 до 21 јуни, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 75 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ПОЦ информираат дека во соработка со СВР Скопје и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестСе полни касата од казни: Викендов 2.169 граѓани затекнати од полицијата без маски
Следна вестЛек за запуштените приватни објекти во Скопје