Пак многу казни за возење без дозвола во Скопје

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, соопшти денеска МВР за извршените контроли вчера на скопското подрачје.

Во инфорамцијата се наведува и тоа дека се изречени и 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 мерки за непрописно паркирани возила и 77 санкции за неносење заштитна маска. 

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцира МВР.

 

Претходна вестКотлар: Решиле тие „пет историски личности и три историски периоди“, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле
Следна вестУбаво: Камионџиите и станарите кај Зелен пазар добија одделни паркинзи