Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки во текот на вчерашните интензивни полициски контроли, соопшти денеска МВР.
-Меѓу изречените мерки 25 се за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 мерки за некористење на сигурносен појас, 11 за претовар, 7 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 6 прекршоци што ги чинат пешаците, 68 мерки за непрописно паркирање и 47 возила се подигнати со „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 44 санкции, се наведува во инфромацијата.
Загрижуваат бројките особено за возењето без дозвола и за нерегистрираните возила. Особено затоа што се повторуваат секој ден. Полицијата мора поинтензивно да работи на терен и да ги намали овие опасни аномалии во сообраќајот.