На вчерашниот натпревар во Милано на натпреварот помеѓу Интер и Бенфика присуствуваше и македонската фудбалска легенда Горан Пандев. Пандев беше во друштво на Диего Милито и Родриго Паласио.
Милито и Пандев заедно беа дел од историската генерација на Интер која во 2010 година освои „триплета“ (Серија А, Копа Италија и Лига на шампиони).
Заедничко за сите тројца е и што во еден период од кариерите играа и во Џенова каде што Паласио ги помина најдобрите денови.
Интер одигра 3:3 против Бенфика и така со вкупни 5:3 се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе игра полуфинале против Милан.