ЈСП „Скопје“ утре ќе вози по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено

Утре, петок (21.04.2023 год), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Жичарницата на Водно ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

-Автобусите и во сабота (22.04.2023 год) ќе возат по неделен возен ред, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата, се наведува во соопштението.

„Градски паркинг“ , пак, информира дека утре јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

-Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот, се наведува во информацијата.

Претходна вестЈокиќ пак испиша историја во НБА
Следна вестПандев му донесе среќа на Интер, заедно со Милито и Паласио го проследи натпреварот