Темен режим Режим на светлина

Јокиќ пак испиша историја во НБА

По убедливата победа во првиот натпревар од НБА плеј-офот, кошаркарите на Денвер забележаа нова победа во вториот натпревар, поразена е Минесота со 122:113. Никола Јокиќ на овој меч запиша 27 поени, 9 скока и 9 асистенции.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал ​​Мареј со 40 поени.

Она што треба да се напомене е дека Никола го одигра својот 50-ти меч во плеј-офот во кариерата и со тоа ја испиша историјата на НБА.

Имено, Јокиќ во 50 плејоф натпревари во НБА оствари просечен учинок од 25 поени, 10 скока и 5 асистенции и е единствен со оваа статистика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мистериозен блесок се појави на небото над Киев

Следна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

ЈСП „Скопје“ утре ќе вози по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено