Стефан Ристовски му плати карантин на Вардар пред дербито со Воска

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, кој е дете на Вардар, му помогна на најтрофејниот македонски клуб во најтешките денови во клупската историја и големата беспарица, обезбедувајќи му карантин пред дербито против Воска во Втората лига претстојниот викенд.

– Фудбалскиот клуб Вардар јавно искажува благодарност до капитенот на mакедонската фудбалска репрезентација, „вардаровото дете” Стефан Ристовски за несебичната помош и поддршка за својот матичен клуб благодарение на која експедицијата на Вардар ќе замине во карантин пред претстојниот важен натпревар во недела каде во мир и соодветни услови ќе се подготвува за предизвикот кој ги очекува, објави ФК Вардар.

Претходна вестВозач загина, четворица повредени, тешка сообраќајка во скопско
Следна вестДокументите на Пентагон: Вашингтон го предупредувал Киев да се повлече од Бахмут