Возач загина, четворица повредени, тешка сообраќајка во скопско

Едно лице загина а четворица се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Скопско. Извршен бил увид од Јавен обвинител.

На 20.04.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во атар на с.Ќојлија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од с.Ќојлија, и патничко моторно возило “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од с.Долно Коњари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз“ Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски, информираат од МВР.

Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото “сеат ибица“ А.Д.(22) и И.Д.(24) двајцата од Скопје констатирани во Комлексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестОпасности од храната што ја јадеме секој ден, од рак до депресија
Следна вестСтефан Ристовски му плати карантин на Вардар пред дербито со Воска