Опасности од храната што ја јадеме секој ден, од рак до депресија

Научниците од САД и Кина открија како „слободните шеќери“ во храната и пијалаците (моносахариди како гликоза и фруктоза) влијаат на 83 здравствени резултати. Тие откриле дека прекумерната консумација го зголемува ризикот од 45 негативни здравствени исходи, вклучувајќи астма, дијабетес, дебелина, срцеви заболувања, депресија, некои видови рак и смрт, пишува британски „Мирор“.

Утврдено е дека депресијата е особено силно поврзана со високото внесување шеќер, а ризиците од висок крвен притисок, срцев удар и мозочен удар се исто така значително зголемени. Загрижувачки е тоа што високото внесување шеќер го зголемува ризикот од седум вида рак, вклучувајќи и рак на дојка, простата и панкреас. Заклучено е дека „слободните шеќери“ треба да се ограничат на околу шест лажичиња дневно, а исто така е препорачано да се ограничи внесувањето засладени пијалаци на еден пијалак неделно.

– Препорачуваме да го намалите консумирањето слободни шеќери или додадени шеќери под 25 грама дневно – вели авторот на студијата Лиангрен Лиу, вонреден професор во болницата во Западна Кина.

Природните шеќери содржани во овошјето и зеленчукот немаат негативно влијание врз нашето здравје и доаѓаат со дополнителни хранливи материи, како што се влакната.

Претходна вестБидете победник во трката со времето!
Следна вестВозач загина, четворица повредени, тешка сообраќајка во скопско