Пандев му донесе среќа на Интер, заедно со Милито и Паласио го проследи натпреварот

На вчерашниот натпревар во Милано на натпреварот помеѓу Интер и Бенфика присуствуваше и македонската фудбалска легенда Горан Пандев. Пандев беше во друштво на Диего Милито и Родриго Паласио.

Милито и Пандев заедно беа дел од историската генерација на Интер која во 2010 година освои „триплета“ (Серија А, Копа Италија и Лига на шампиони).

Заедничко за сите тројца е и што во еден период од кариерите играа и во Џенова каде што Паласио ги помина најдобрите денови.

Интер  одигра 3:3 против Бенфика и така со вкупни 5:3 се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе игра полуфинале против Милан.

 

Претходна вестЈСП „Скопје“ утре ќе вози по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено
Следна вестХрватската јавност згрозена: Две повозрасни жени ставени во ист болнички кревет