Eлмас и соиграчите дочекани како херои по победата на Јувентус

Наполи вчера го победи Јувентус и така дојде на чекор од титулата во Серија А. Со овој триумф Наполи дојде на 17 бода предност во однос на Лацио, а 19 од Јувентус кој остана на третото место.

По дербито во Торино, фудбалерите на Наполи меѓу кои и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беа дочекани како вистински херои.

Во 2 часот и 40 минути по полноќ автобусот на лидерите во Серија А, тргна од аеродромот во Неапол, а тоа предизвика делириум кај фановите.

Претходна вестПрофесорот Вело Марковски на време кажуваше – подучуваше за пандемијата, сега и книга издаде…
Следна вестЗаборави ли Владата дека треба да ги намали огромните функционерски плати?