Професорот Вело Марковски на време кажуваше – подучуваше за пандемијата, сега и книга издаде…

Тешката и долготрајна пандемија со корона вирусот полека како да заминува во заборав. А треба ли да биде така? Македонија плати висока цена, здравствениот систем не одговори најсоодветно на предизвикот поради што земјата беше и на врвот на светската листа по смртност.

Ќе се извлекуваат ли заклучоци, поуки за да не ни се случи повторно да сме затекнати? На ова треба да одговорат здравствените власти – во Македонија има стручни луѓе кои имаат што да кажат за пандемијата и можните нови предизвици.

Всушност, Македонија и за време на пандемијата го имаше др. Вело Марковски кој како доктор и универзитетски професор кажуваше, опоменуваше, подучуваше… што треба да се прави. Тој тогаш даде 33 телевизиски интервјуа и многу повеќе изјави, коментари за весници и портали во Македонија и Хрватска. Недоброени се и неговите ФБ-објави кои тогаш ги пренесуваа голем дел од медиумите.

Сега, од оваа временска дистанца, сето тоа професорот Марковски го собрал на едно месно и пред некој ден го објави во книгата „Корона Колумни“.

Еве неколку кратки цитати од неговите излагања во медиумите кои ги има во книгата од 185 страници:

  • Ние останавме крути со првичната доктрина за што помал број на заразени… поради тоа мислам дека во последните две – три недели не реагираме соодветно на состојбата кај нас и во светот, односно не излегуваме со стратегија што сакаме да постигнеме и со која динамика… имаме нејасна докртина како до колективан имунитет, посочил професорот во мај 2020 година.
  • Треба да се има доблест и од страна на комисијата и да се признае ако имало грешка која секако произлегла од добронамерност. Мислам дека најавата за казни на народот, па најавата од поеднинци дека треба да се казнуваат и тие што размислуваат и нудат поинакви решенија за излез од пандемијата не е во ред. Треба да казнува само оној што не згрешил, а во случајов тој што сака да казнува има пропусти и казни, потенцира тој во јуни 2020 година.
  • Носењето маска на отворено е штетно, а смешно ќе биде носење маска за време на пливање и сончање, истакна професорот во јуни 2020 година.
  • Моите ставови се должат на совпаѓањето на научното поле во кое долго работам, сигурно не би давал совети ако не се работи за вирусна горнореспираторна инфекција слична на грипот на кој сум докторирал, вели Марковски во јуни 2020 година.
  • Најавата за вакцини пред да поминат минимум 2 години сигурно е водена само од мотив за брза заработка и ги потврдува теориите на заговор дека испитувањата и производтвото на вакцина е започнато пред да се појави болеста, јули 2020 година.
  • СЗО е лидер во справување со инфективни болесни или е политичка организација? СЗО многу пати за време на пандемијата не е на висина на задачата која и е наменета, јули 2020 година.
  • Ставот од страна на Комисијата дека тие даваат препораки, а МОН сами да одлучат за наставата е крајно несериозни и неодговорно… Сите мерки мора да бидат стручни, никако политички, август 2020 година.
  • Семинари, симпозиуми, конференции веднаш за матичните лекари. А не утре (требаше вчера) за изедначување на ставовите и пренесување на доктринарни ставови за дијагноза и третман и на грипот и на Ковид-19, август 2020 година.
  • Последните десетина дена бев мета на бројни напади… Ме изненади омразата со која сум напаѓан од луѓе на кои можеби баш моите ставови и искуство им помогнало многу, септември 2020 година.

Треба многу простор за да се наведат и другите цитати на Вело Марковски каде реплицира и на министерот Филипче, дава сугестии… А уште поголем простор треба за да се пренесат објавените во книгата долги и опширни стручни советите кои тој ги даваше за лекарите; па водичот за лекување на пациентите од Ковид – 19 кој беше објавен во престижно меѓународно списание; па објаснувања за лекот Сумамед, па…

 

 

Претходна вестКазнети се 213 возачи во Скопје, 157 од нив за брзо возење
Следна вестEлмас и соиграчите дочекани како херои по победата на Јувентус