Казнети се 213 возачи во Скопје, 157 од нив за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 213 казнени мерки, информираат од МВР. За брзо возење биле казнети 157 возачи, 10 за возење без возачка дозвола и 19 за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. информираат од МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестЛокалитетот Стибера ќе се истражува со скенирање
Следна вестПрофесорот Вело Марковски на време кажуваше – подучуваше за пандемијата, сега и книга издаде…