Заборави ли Владата дека треба да ги намали огромните функционерски плати?

Колкава ќе биде априлската плата што наскоро ќе треба да ја земат македонските функционери? Зголемена за 78 проценти или иста како и претходните? Ако се почитува неодамнешната одлука на Уставнот суд функционерите и судиите треба да добијат драстично покачување. Зошто Владата и нејзините органи до сега ништо поконкретно не сторија да не се случи вакво драстично зголемување на функционерските плати?

Кога, кон крајот на март, беше донесена укинувачката одлука на уставните судии која предизвика реовлт во јавноста, Владата соопшти дека ќе ја почитува одлуката, но тоа не значело дека сите функционери и судии ќе добијат плати зголемени за 78 проценти.

-Владата работи на нов закон за плати во кој што ќе има конзистентност во исплата на плати за сите функционери во државата бидејќи и денес постои неконзистентност во исплата на плати на функционерите. Има акционерски друштва во државна сопственост, регулторни тела, разни агенции кои што пресметуваат плата согласно со друга методологија и чии што плати, на директори на членови на управни одбори, се неколкукратно поголеми од платата на пратениците во Собранието, изјави на почетокот на април премиерот Димитар Ковачевски.

Шефот на државата Стево Пендаровски, пак, побара многу побрзо и поедноставно решение.

-Владата мора да направи сѐ што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица. Поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продуктуи, ние си ги зголемуваме платите, нагласи тогаш Пендаровски.

Но, еве веќе и по месец дена од најавеното решение нема ништо. Новиот закон за плати не се ни најавува, ниту во јавноста има дебата околу неговите клучни решенија.

Значи ли тоа дека Владата заборави дека зголемените плати треба да се намалат? Освен заборавност друго објаснување и нема, затоа што со години власта покажува скромност и пред се ориентираност само кон работа за доброто на Македонија и македонското население.

Инаку, има разни капсули за подобрување на помнењето, некои се издаваат со рецепт, а некои не. Но, се чини, изборите се најдобриот лек.

Претходна вестEлмас и соиграчите дочекани како херои по победата на Јувентус
Следна вестНа аеродромот во Берлин пустош, откажани се сите летови