На аеродромот во Берлин пустош, откажани се сите летови

На аеродромот во Берлин владее вистинска пустош. Откажани сите полетувања, како и голем број дојдовни летови, поради еднодневен штрајк на безбедносните службеници.

Берлинскиот аеродром „Бранденбург“ во саботата објави дека летовите се откажани поради штрајкот свикан од синдикатот, кој се обидува да изврши дополнителен притисок во преговорите за зголемување на платите, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на аеродромот рече дека околу 240 летови биле предвидени за денеска.

Минатата недела со штрајкови беа погодени аеродромите во Дизелдорф, Хамбург, Келн-Бон и Штутгарт. Синдикатите се залагаат за повисоки плати за да се надоместат зголемените трошоци за живот.

Претходна вестЗаборави ли Владата дека треба да ги намали огромните функционерски плати?
Следна вестЛевица: СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ го блокираат предлог законот за данок на екстра профит, работат во корист на најбогатите