Парламентот го изгласа новиот состав на ДИК

Изгласан новиот состав на ДИК. Со 95 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан пратениците го изгласаа Александар Даштевски предложен од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија.

Со изгласувањто на Предлог-одлуката избрани се и потпретседател и членови на Државната изборна комисија. Потпретседателка на ДИК е Дитмире Шеху од ДУИ. Членови во новиот состав ќе бидат досегашните Борис Кондарко и Радица Ристеска, Оливер Ристовски поранешен заменик министер за правда по предлог на СДСМ, Бобан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и Кренар Лога предлог на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Предлог – одлуката претходно помина на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со поддршка од 9 гласа по што Собранието на пленарната седница ја усвои едногласно, при што беше запазен и принципот на двотретинско мнозинство, потребен за носење на вакви одлуки.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари.

Претходна вестВо скопските ковид-центри примени 24 нови пациенти, вкупно се лекуваaт 333 болни
Следна вестТешко повреден пешак во Сарај