Партиите ги открија адутите за ДИК: Се предлагаат Даштевски, Кондарко, Ристеска, Ристовски, Шеху, Стојаноски…

Познат е најголемиот дел од кандидатите за членови во Државната изброна комисија кои што се предлози на политичките партии кои имаат право да ги поддржуваат меѓу 14 пријавени кандидати. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска ги доставиле имињата на кандидатите, а се уште се чека на официјален предлог и од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Според информациите од македонскиот парламент, СДСМ дал поддршка за нов мандат на Борис Кондарко и Радица Ристеска, кои се актуелни членови, а како трет кандидат на кој му даваат поддршка е поранешниот заменик-министер за правда, Оливер Ристовски.

ДУИ, пак, ја поддржала Дитмире Шеху, која исто така е дел од актуелниот состав како потпретседателка на ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ за претседател го поддржува Александар Даштевски, кој доколку биде изгласан ќе го замени досегашниот Оливер Дерковски. За втор член опозициската партија поддршка дава за Бобан Стојаноски, кој работи како правник во Собранието.

ДУИ ја поддржала Дитмире Шеху, која е дел од актуелниот состав како потпретседателка на ДИК.

Алијанса на Албанците, која е во коалиција со Алтернатива, според неофицијални партиски извори, ќе го поддржи Кренар Лога, правник од Струга.

Претходна вестПриведени 47 лица, биле во кафаната во Топанско поле која работела по 18 часот
Следна вестАпасиев бара 30.000 евра отштета затоа што бил прислушуван