Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) синоќа во португалскиот град Брага ја одржа церемонијата на врачување на пехарите за најуспешните автомобилисти за 2023 година.
Дел од оваа манифестацијата беше нашиот Игор Стефановски – Иџе, кој го доби пехарот за шампионската титула во европскиот шампионат на ридско-брзински натпревари.
Тој беше убедливо најдобар во текот на целата сезона и се закити со уште едно престижно признание односно со третиот трофеј наменет за европскиот шампион.