Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа загуби во Париз од ПСЖ со 31:26 (15:12). Македонскиот шампион одигра добар натпревар но и по четвртото коло се уште е без победа во Лигата на шампионите.
Првото полувреме беше егал до последните пет минути кога ПСЖ успеа да изгради предност од три гола. Во второто полувреме, играчите на ПСЖ немилосрдно ги казнуваа повремените падови во играта на Пелистер. Два пати направија серии од по 4:0 што им беше доволно да ја обезбедат победата.
Најефикасни во редовите на пелистер беа Борзаш и Пешевски со по пет гола, голманот Лесјак имаше девет интервенции. ПСЖ го предводеше Сипжак со седум, односно Тонесен и Балангер со по четири гола.