КК Пелистер во финишот на зимскиот преоден рок се засили и со црногорскиот интернационалец Балша Драговиќ.
Драговиќ, кој е висок 208 сантиметри, игра на позицијата четири и заедно со Јуре Планиниќ треба да биде големо засилување под кошот на битолскиот тим.
Балша Драговиќ веќе се приклучи на подготовките на македонскиот вицешампион. Се очекува да дебитира во сабота во дресот на битолчани на мечот против ТФТ.