Пендаровски: Бегството на Мијалков е недозволиво, ако има пропуст, да има и одговорност

Претседателот Стево Пендаровски смета дека случувања како што бегството на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е неприфатливо за земја која очекува преговори за членство во ЕУ и ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција.

-Граѓаните бараат одговорност, и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет, порачува претседателот Пендаровски и ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки да биде спроведено судското решение, а доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

 

Претходна вестЌе се истражува колку жители на Скопје имаат антитела од корона вирусот
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Бегството на Мијалков е договор со власта – да го најдат за 24 часа или оставка