Барањето од Софија е скандалозно и е мешање во нашите внатрешните работи и уставниот поредок, е став на Стево Пендаровски во однос на барањето на Бугарија да учествува во промените на македонскиот Устав.
-Барањето од Софија е скандалозно. Такви барање не упатуваат ни окупаторите земјите, териториите, државите кои ги окупираат. Во 21 век е апсолутно непримерно да бара, да се мешаат во внатрешната политика и внатрешните политички и уставни процеси. Во таа смисла нашиот одговор на МНР беше на место, изјави претседателот Пендаровски.
Зборувајќи за спроведување на одлуката на Уставниот суд за платите на функционерите Пендаровски порача дека Владата треба да направи се што е во нејзина моќ платите да останат на нивото како досега.
-Мојот став го знаете. Мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело. Меѓутоа, повикав и во мојата прва изјава на оваа тема. Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продуктуи, ние си ги зголемуваме платите, нагласи Пендаровски.