Пендаровски прифати дебата со сите противкандидати на МРТ

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка.

-Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата, соопшти Пендаровски.

Тој нагласува дека останува на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

-Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови, изјави Пендаровски.

Претходна вестЦУК: Од Унгарија во Скопје со хеликоптерот на МВР пристигна македонскиот пациент
Следна вестТешко повредена жена на скопскиот булевар „Кочо Рацин“